Османи: лажни се информациите дека ќе бидам сменет

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи

Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција по отвореното писмо од група членови на ДУИ. Тој рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети. „Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи. Зарашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат врз стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

Незадоволство во ДУИ – Партиски функционери против вицепремиерот Артан Груби

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висат Ганиу, во отворено писмо побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаат лидерот на партијата Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство. За состојбите во партијата тие го обвинуваат Артан Груби. Телевизијата ТВ21 објави дека наводно за да се смират незадоволниците им било доставен предлог Османи да биде сменет од функцијата министер, но дека тие го одбиле предлогот наведувајќи дека проблемот е Груби и дел од другите министри.

Ахмети - ДУИ може и без Али Ахмети и без Изет Меџити

Ахмети вчера во Тетово изјави дека ДУИ може да функционира без било кој поединец затоа што има стабилни структури.