Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, им порача на своите следбеници дека „жртвата во извршувањето на воената должност ги измива сите гревови“. Коментарите на патријархот за време на неговата вчерашна неделна проповед доаѓаат во време на протести низ целата земја и зголемени критики поради неодамнешната најава на Кремљ за делумна мобилизација за надополнување на руските сили кои се борат во Украина.
Во Русија продолжуваат репресиите врз протестите против мобилизацијата
Западните власти проценуваат дека Русија претрпе од 70.000 до 80.000 жртви откако во февруари неиспровоцирано ја нападна Украина. Руските власти рекоа дека акцијата ќе се фокусира врз 300.000 резервисти. Но, руските медиуми велат дека вистинската цел е 1 милион нови војници. Кирил, истакнат поддржувач на претседателот Владимир Путин, кој ги „благослови“ воените напори, претходно тврдеше дека Русите правеле „херојско дело“ со тоа што убивале Украинци. Кирил ја гледа целосната инвазија на Русија врз Украина која започна во февруари како бедем против декадентниот Запад и инсистира на тоа дека „Русија никогаш не нападнала никого“.