ОЕЦД: војната во Украина ќе има поголемо влијание врз глобалната економија од очекуваното

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска оцени дека руската војна во Украина, која сега е во осмиот месец, ќе има поголемо влијание врз глобалната економија отколку што претходно се очекуваше. ОЕЦД соопшти дека ја намалила својата прогноза за раст на глобалната економија на 2,2 насто во 2023 година од претходната проценка од 2,8 проценти. „Светската економија плаќа висока цена за неиспровоцираната, неоправдана и незаконска агресивна војна на Русија против Украина“, се вели во редовниот извештај на ОЕЦД во кој се ажурираат нејзините економски изгледи.

Животот поскапе за 100 евра месечно во однос на лани

„Со оглед на тоа што влијанијата на пандемијата ковид-19 сè уште траат, војната го намалува растот и врши дополнителен нагорен притисок врз цените, пред сè на храната и енергијата. Глобалниот БДП стагнира во вториот квартал од 2022 година, а производството се намали во економиите на Г-20“, се додава во извештајот во кој се нагласува дека високата инфлација опстојува подолго од очекуваното и дека во многу економии, инфлацијата во првата половина на 2022 година била на највисоко ниво од 1980-тите.