Ексхумирани 436 тела во Изум, повеќето од нив имале знаци на насилна смрт

Илустрација

Началникот на регионалната воена администрација во украинскиот регион Харков, Олех Синјехубов, вели дека 436 тела биле ексхумирани од масовните гробници во близина на источниот град Изум.

Синјехубов на 23 септември рече дека повеќето од телата имале знаци на насилна смрт.

„Некои тела имаат јажиња на вратот, врзани раце, скршени екстремитети и рани од изгореници. Неколку мажи имаат ампутирани гениталии. Сето тоа укажува на тортура што окупаторите им ја наметнале на жителите на Изум. Поголемиот дел од телата се цивили, 21 се воен персонал “, напиша Синјехубов на Телеграм.

Тој исто така рече дека уште најмалку три масовни гробници се пронајдени во Изум, а повеќе во регионот на Харков.

Покрај масовни гробници, откриени се и центри за тортура во украинскиот град Изум

Откривањето на масовните гробници и доказите за тортура во Изум неколку дена откако градот беше вратен од руските сили за време на успешната офанзива на Украина на почетокот на септември ги шокираше Украинците и меѓународната заедница.

Претседателот Володимир Зеленски тоа го нарече доказ за воени злосторства.