Албанија почна да ги затвора средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен

илустрација

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана. Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите. Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.

ФЕТО - бреме во македонско-турските односи

Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“. Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука. Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.