Претседателот на Европскиот Совет и чешкото претседателство ги испратија официјалните покани до сите земји учеснички во Европската Политичка Заедница (ЕПЗ), меѓу нив и Северна Македонија. На шести октомври во Прага ќе се одржи првиот состанокот на шефови на држави и влади на Европската Политичка Заедница. Освен 27-те земји членки на ЕУ во ЕПЗ учествуваат и Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Србија, Швајцарија, Турција, Украина и Британија.
Чешка е за свикување итен самит на ЕУ поради цените на струјата и гасот
Целта на Европската политичка заедница е да се создаде платформа за политичка координација за сите земји на широкиот европски континент, да им се овозможи да се координираат и комуницираат за сите теми за кои имаат заеднички интерес. Сѐ со цел да се обезбедат стабилноста и безбедноста на континентот, велат од ЕУ. Дипломатите во Брисел инсистираат дека ЕПЗ во ниеден случај нема за цел да ги замени постојните организации, структури и процеси на ЕУ, и не планира да создава нови. Не се предвидени ниту формални декларации, ниту формални заклучоци на крајот на овој самит.