Нови 57 ковид позитивни, двајца починале

илустрација

Во последните 24 часа, регистрирани се 57 нови случаи на Ковид19 од направени 704 тестови и 90 оздравени пациенти. Во текот на деноноќието не е пријавено ниту едно починато лице, но, преку системот „Мој термин“, евидентирани се две починати лица, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите 57 случаи на Ковид 19 од Скопје се 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1 случај.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје, починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.