Обвинителот на Њујорк го обвини Трамп за огромна измама

поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Јавниот обвинител на Њујорк го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата компанија за измама, тврдејќи дека со лаги го зголемило имотот за милијарди долари, вклучувајќи терени за голф, хотели и неговите домови во „Трамп Тауер“ и Мар-а-Лаго на Флорида. Државниот обвинител Летиција Џејмс ова го нарече: „Уметноста на крадење“. Нејзината тужба, поднесена во државниот суд во Њујорк, е кулминација на тригодишната граѓанска истрага против Трамп и Организацијата Трамп. Трите најстари деца на Трамп, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп, исто така се обвинети, заедно со двајца долгогодишни директори на компанијата, Ален Вајзелберг и Џефри Мекоун. Тужбата удира во срцето на она што го направи Трамп познат: имиџот на богатството и раскошот што тој го застапуваше во текот на неговата кариера, прво како инвеститор во недвижнини, потоа како водител на реалити шоу, а подоцна и како претседател.

Трамп- Измама е дека при претресот се барале документи за нуклеарно оружје

Џејмс сака Трамп и другите обвинети да платат најмалку 250 милиони долари, што, според неа, е приближна вредност на придобивките што ги добиле од лажното претставување. Демократот Џејмс на прес-конференција објави детали од тужбата. Таа рече дека нејзината канцеларија ја поднела тужбата, која е граѓанска, а не кривична, откако ги одбила понудите за спогодување од адвокатите на обвинетите. „Оваа истрага откри дека Доналд Трамп со години се занимавал со незаконско однесување за да ја зголеми својата нето вредност, да ги измами банките и луѓето во државата Њујорк. Да тврдиш дека имаш пари што ги немаш не е уметност на договорот. Тоа е уметност на крадење“, рече таа.

Трамп одби да сведочи пред њујоршкото државно обвинителството

Џејмс прецизира дека нејзината истрага открила потенцијални злосторства, вклучувајќи фалсификување деловни документи, издавање лажни финансиски извештаи, измама со осигурување, заговор и банкарска измама. Таа рече дека нејзината канцеларија ги проследува тие наоди до федералните обвинители и Службата за внатрешни приходи. Во изјавата објавена на неговата платформа „Truth Social“, Трамп ја нарече тужбата „уште еден лов на вештерки од расистички јавен обвинител“.