Шефот на МААЕ: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје се влошува

генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје дополнително се влошува, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, додека Украинците ги обвинија руските сили за повторно бомбардирање на централната канцеларија. „Ситуацијата се влошува и не можеме да си дозволиме луксуз да чекаме да се случи катастрофа“, рече Гроси по состанокот во француското претставништво во ОН. Состанокот го отвори францускиот претседател Емануел Макрон, кој учествува на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Директорот на МААЕ изјави дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кого се сретнал во седиштето на ОН.

Руско гранатирање предизвикало прекин на струја во окупираната нуклеарка

Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом вчера ја обвини Русија дека повторно го бомбардира местото на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. Во бомбардирањето бил оштетен далноводот, поради што неколку трансформатори на еден од шесте реактори престанале да работат, а генераторите за итни случаи за кратко време почнале да работат, соопшти Енергоатом. „Дури и присуството на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија не ги спречува Русите“, се вели во соопштението. Украинците изјавија дека зрачењето од централата не ја надминува нормата.