Мобилизацијата на Русија е знак на паника во Кремљ, изјави холандскиот премиер

Холандскиот премиер Марк Руте

Холандскиот премиер Марк Руте оцени дека наредбата за мобилизација на Русија е знак на паника во Кремљ, што не треба да се сфати како директна закана за целосна војна со Западот.

Путин: Западот сака да ја уништи Русија

„Мобилизацијата, повикувањето на референдуми во Доњецк, сето тоа е знак на паника. Неговата реторика за нуклеарното оружје е нешто што сме го слушнале многу пати досега и нè остава ладни“, изјави Руте, додавајќи: „Сето тоа е дел од реториката што ја знаеме. Би советувал да останеме смирени“.