Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во реакцијата на денешното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин за тоа дека наредил делумна мобилизација во Русија изјави дека тоа бил предвидлив потег. „Мобилизацијата на Русија беше предвидлив чекор што ќе се покаже крајно непопуларен и нагласува дека војната не оди според планот на Москва“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак. Според него, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја префрли на Западот вината за започнување на „неиспровоцирана војна“ и за влошената економска ситуација на во Русија.
Путин нареди делумна мобилизација
Министерката за надворешни работи на Британија Џилијан Киган пак, оцени дека говорот на рускиот претседател Владимир Путин била загрижувачка ескалација „Јасно е дека тоа е нешто што треба да го сфатиме многу сериозно. Ова е очигледно ескалација“, рече таа.