Шојгу: ќе бидат мобилизирани 300.000 руски резервисти

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека најавената мобилизација во Русија ќе опфати 300.000 илјади руски резервисти. Во интервју за руската државна телевизија, Шојгу рече дека студентите и оние кои служеле како регрути нема да бидат повикани и дека поголемиот дел од 25 милиони руски резервисти нема да бидат регрутирани. Шојгу оцени дека Русија во Украина се бори против Запад. „Целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“, рече Шојгу, додавајќи дека западни команданти во Киев ги воделе операциите против Русија. Тој додаде дека Русија досега во војна загубила 5.937 војници.

Путин нареди делумна мобилизација

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин во денешното телевизиско обраќање изјави дека наредил делумна мобилизација во земјата која стартува денеска. „Ќе ги искористиме сите ресурси за да го одбраниме нашиот народ. Западот ги премина сите граници на неговата агресија врз Русија“, рече Путин.