Командир на полициска станица апсен во соработка со ДЕА осуден за трговија со дрога

Илустрација - Акција на МВР и ДЕА, април 2021

Командир на полициска станица е осуден на четири и пол години затвор за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Тој беше уапсен лани во април во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА, заедно со уште пет луѓе. Тие криумчареле 200 килограми дрога, вредна околу 800 илјади евра.

Во текот на истражната постапка останатите пет луѓе се спогодиле со јавниот обвинител и притоа двајца се осудени на казни затвор од по пет години, а тројца добија казни од по три и пол години затвор.


Со пресудите, освен изречените казни затвор, одземени се и 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, возило, два луксузни рачни часовници, еден лаптоп, GPS навигација и боксирачи и нож.

Минатата година во неколку наврати македонската полиција соработуваше со меѓународни инстуции во прекинување на меѓународни канали за трговија со дрога.