Основните прехранбени производи со ограничена маржа до крај на годината

Леб во маркет во Скопје

Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи ќе важи до крајот на годината, одлучи Владата на денешната седница постапувајќи по предлог на Министерството за економија. Таква одлука е донесена оти состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.

Мерката за ограничување на маржите требаше да важи до крај на септември, но со новата одлука е продолжена за уште три месеци.

Раст на цените на храната август 2021 / август 2022

Владата ја ограничи трговската маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало. Таа важи за белиот леб, шеќер како и за рафинираното сончогледово масло и е во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 отсто во трговијата на мало.

За брашно од пченица, за макарони, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко и за јајца од кокошка е утврдена трговска маржа во висина до 10 проценти. Мерката, како што е пропишано, важи до крајот на месецов.

Цените на основните производи нагло пораснаа годинава поради растот на цените на енергенсите на светските пазари, а и поради прекинатиот ланец на снабдување поради војната во Украина.