Во последните 24 часа регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 од направени 887 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција.
Од новите случаи половина се во Скопје, каде се регистрирани 38, потоа следат Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по 1.
Регистрирани сe 99 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.