Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ги повика претставниците на ЕУ да избегнат разговори за дополнителни санкции кон Русија поради нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина, повторувајќи ги предупредувањата на Будимпешта дека таквите потези им штетат на 27-те членки на блокот. Сијарто вели дека „ЕУ треба да престане да го споменува 8-миот пакет санкции, треба да престане да означува мерки што само дополнително ќе ја продлабочат кризата во снабдувањето со енергија“. Унгарија е членка на Европската унија и НАТО, но особено се потпира врз рускиот гас и во помала мера врз нафтата.
Орбан вели дека на Унгарија не и е проблем да плаќа гас во рубљи
лидери, вклучително и премиерот Виктор Орбан, ја критикуваа одлуката на Москва да ја нападне Украина, но се спротивставија на казнените мерки. Односите на Будимпешта со Брисел, исто така, постепено се влошија поради владеењето на правото и политичките прашања кои во моментов предизвикуваат жесток спор што се заканува од милијарди евра субвенции од ЕУ наменети за Унгарија. Портпаролот на Кремљ вчера го пофали унгарското раководство за, како што ја опиша, подготвеноста на Будимпешта да заземе „суверени позиции“ за прашања во ЕУ.
Кремљ ги пофали „суверените позиции“ на владата на Орбан во однос на ЕУ
Критичарите во Брисел го обвинија Орбан и неговата партија Фидес за демократско назадување, корупција, напад врз слободните медиуми и напади врз правата на ЛГБТ во последните 12 години на власт. Во минатата недела, Европскиот парламент одобри резолуција во која се вели дека Унгарија повеќе не е „целосна демократија“.