Бугарија формира координативен центар за санкции против Русија

Демонстрант држи плакат на кој пишува „Слобода или Газпром“ за време на протестниот митинг во центарот на Софија пред зградата на бугарското претседателство. 10 август 2022 година

Бугарија формира специјален координативен совет за санкции на предлог на вршителите на должност министри за надворешни работи Николај Милков и за правда Крум Зарков. Советот ќе биде одговорен за спроведувањето од страна на Софија на сите рестриктивни мерки наметнати од ЕУ. Неговото создавање се должи на санкциите против Русија воведени по воената инвазија на Москва на Украина на 24 февруари оваа година. Советот ќе треба да им помогне на бугарските компании и граѓани да дознаат дали можат да работат или да стапат во односи со компании од санкционирани земји.

Кутев: Бугарија не преговара со Газпром

Новиот совет треба да ги решава проблемите кои произлегуваат од спроведувањето на санкциите против властите во Русија. Координативниот совет ќе ги подготви и одлуките за нивно покренување за конкретни случаи. Друга цел ќе биде да се следат можните обиди за заобиколување на санкциите против Русија преку трети земји. Советот ќе има претставници од министерствата за економија, енергетика, надворешни работи и правда, Бугарската народна банка, Комисијата за финансиска супервизија и Државната агенција за национална безбедност. Координатор на новиот владин совет ќе биде министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. Тој ќе ја претставува Бугарија и во групата на ЕУ за прашањето за санкциите.