Унгарската влада поднесе предлог-закон до парламентот со цел да се избегне загубата на милијарди евра од Европската унија, изјави министерката за правда Јудит Варга. Таа на Фејсбук наведе дека го поднела првиот предлог-закон до парламентот, бидејќи владата се фокусира на „изготвување и спроведување на обврските кон ЕУ во наредните недели и месеци“. Еден ден претходно, извршната власт на ЕУ повика на елиминација на 7,5 милијарди евра од финансирањето на ЕУ наменето за Унгарија поради корупција, права и спорови за владеењето на правото.
Кремљ ги пофали „суверените позиции“ на владата на Орбан во однос на ЕУ
Критичарите во Брисел тврдат дека под 12-годишното раководство на премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес, анти-ЛГБТ законодавството и другите отстапувања ги загрозуваат заедничките вредности на ЕУ. Во инатата недела, Европскиот парламент одобри резолуција во која се вели дека Унгарија повеќе не е „целосна демократија“, поради што Фидес ја обвини дека „ЕУ повторно ја напаѓа Унгарија“.