Гутереш: Образованието е во длабока криза

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека нееднаквото образование брзо ја дели планетата додека се обидува да го задржи развојот на агендата во очи на неделата на дипломатија фокусирана на глобалните кризи.

Шефот на ОН свика специјален самит за образование еден ден пред да се состанат светските лидери за годишното Генерално собрание, иако голем број клучни официјални лица, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го одложија нивното пристигнување во Њујорк поради погребот на кралицата Елизабета Втора.

„Образованието е во длабока криза. Наместо да биде голем поттикнувач, образованието брзо станува голем фактор на поделба“, рече Гутереш на самитот.

Тој предупреди дека пандемијата „Ковид-19“ има „погубно влијание“ врз учењето, при што на сиромашните ученици им недостасува технологија и се во одредена неповолна положба, а конфликтите дополнително го нарушуваат образованието во училиштата.

Гутереш апелираше до сите земји да дадат приоритет на зголемувањето на трошоците по студент дури и во услови на многу прашалници за глобалната економија.

Во извештајот објавени овој месец, Програмата за развој на ОН наведе дека Ковид го уназади напредокот на човештвото за пет години.


Гутереш, исто така, посебно се осврна на состојбите со образованието во Авганистан и ги прозва талибанци за тоа што лишуваат од образование повеќе од еден милион тинејџерки, откако исламистичките милитанти се вратија на власт во август 2021 година.

„Апелирам до властите во Авганистан: Веднаш да се укинат сите ограничувања за пристапот на девојчињата до средно образование“, рече тој.

Забраната го зголемува ризикот од маргинализација, насилство, експлоатација и злоупотреба врз девојчињата, се вели во неодамнешната изјава на ОН.

Овозможувањето на девојчињата да се вратат на училиште може да го подигне Авганистан и да му даде надеж на неговиот народ, наведуваат од ОН, истовремено изразувајќи загриженост дека продолжувањето ваквите мерки ја продлабочуваат постоечката криза во земјата.