Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска истакна дека светот мора „да ја запре [Русија] пред да биде предоцна“, одговарајќи денеска на обвинувањата дека руските војници гранатирале уште една нуклеарна централа во јужна Украина во текот на ноќта.
Тој преку Телеграм посочи дека ракетата паднала на 300 метри од нуклеарната централа Пивденоукраинск во регионот на Миколаев, разурната од војната и „дошло до краткотраен прекин на електричната енергија“.
Зеленски рече дека прозорците во комплексот се оштетени и посочи дека „окупаторите сакале повторно да пукаат, но заборавиле што е нуклеарна централа“.
„Русија го загрозува целиот свет“, рече Зеленски. „Мораме да ја запреме пред да биде предоцна.
Претходно украинскиот државен нуклеарен оператор, Енерхоатом, ги обвини руските трупи за напад врз централата и рече дека нема штета на ниту еден од нејзините три реактори. Објектот работи нормално, додаде Енерхоатом рано утринава.
Друга украинска нуклеарна централа, во Запорожје на околу 250 километри кон исток, која беше окупирана од руските сили во март, беше предмет на интензивна загриженост и итни меѓународни барања за демилитаризирање на зоната и враќање под украинска контрола.
Украинските власти вчера ги обвинија руските трупи дека со артилерија ја напаѓаат цивилната инфраструктура, вклучително и во градот Запорожжја во кој се наоѓа централата.
Електричната енергија, наводно, била вратена во текот на викендот во централата во Запорожја за да помогне да се смират стравувањата од катастрофа.
РСЕ не може самостојно да ги потврди тврдењата на бојното поле во областите со најинтензивните борби.
Зеленски и некои западни лидери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за „нуклеарен тероризам“ и „нуклеарна уцена“ откако нареди целосна инвазија во февруари и зазема украински нуклеарни постројки.
Русија пак редовно ги обвинува украинските сили за гранатирање во близина на Запорожје за што Киев вели дека се руска артилерија или ракети.