Нови 173 случаи на Ковид 19 се регистрирани во изминатите три дена, од 16 до 18 септември, кога се направени 1216 тестови, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во истиот период има 186 оздравени пациенти и тројца починати пациенти.
Од нив по едно починато лице е од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата починале во болнички услови.
Од новите случаи пак , 123 се во Скопје, во Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1. Од вкупниот број на позитивни (173), 46 се реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починати 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.