ВМРО ДПМНЕ денеска покажа извадок од евиденциона книга на АРМ за кој, како што наведуваат од оваа партија, „Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е трајно неспособен за служење војска“. „Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е трајно неспособен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал во војната во 2001 година прикажувајќи се како трајно неспособен
Премиерот Ковачевски во реакцијата на ваквите обвинувања пак наведува дека „ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија“. „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ“ наведува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.