Рускиот совет за безбедност денеска соопшти дека Москва и Пекинг се договориле за „понатамошна воена соработка“ со фокус врз вежби и контакти на високо ниво. Изјавата од Москва доаѓа по состанокот во минатата недела на кој претседателот Владимир Путин беше принуден јавно да ја признае кинеската загриженост поради неговата тековна инвазија врз Украина и нејзините реперкусии низ светот. Засега нема потврда од Пекинг за соопштението на рускиот Совет за безбедност. Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, во моментов е во посета на Кина на консултации.
Какво е руско-кинеското партнерство по состанокот Си-Путин
Кинескиот претседател Си Џинпинг избегна да ја осуди руската инвазија врз Украина, која се случи неколку недели по состанокот на кој тој и Путин ветија кинеско-руско пријателство „без граници“. Но, тој повика на „воздржаност“ и на нивниот прв состанок по почетокот на инвазијата кон крајот на февруари рече дека Пекинг е подготвен да игра водечка улога во доведувањето на светот на стабилен развоен пат. На регионалниот безбедносен собир во Узбекистан на 15 септември, Путин одговори дека „Многу ја цениме балансираната позиција на нашите кинески пријатели кога станува збор за украинската криза“. Тој додаде: „Ги разбираме вашите прашања и загриженост за ова“.
Путин вели дека Кина е загрижена за Украина, но дека тој го разбира Си
Со невидените меѓународни санкции кои ја погодуваат Русија, поддршката на Пекинг се смета за суштинска за Москва, на која и се потребни пазари за нејзиниот извоз на енергија и извори за увоз на високотехнолошки стоки.