Доларот денеска се задржа близу дведеценскиот врв во споредба со преостанатите главни светски валути, пред неделата во која се очекуваат одлуки на Централната банка во Вашингтон. Индексот на доларот, кој ја мери валутата во однос на шест други валути, беше за 0,2% посилен од петокот - на 109,84, консолидирајќи се по нестабилните неколку недели откако достигнаа до 110,79 на 7 септември за прв пат од средината на 2002 година. Инвеститорите предвидуваат повисоки каматни стапки во САД и посилен долар, бидејќи растот на потрошувачките цени во САД се покажа упорен.
Најмала вредност на еврото во однос на доларот во последните 20 години
Оваа недела, исто така, е преполна со празници кои би можеле да ја намалат ликвидноста и да резултираат со поостри поместувања на цените. „Вредноста на доларот може да остане висока бидејќи американската Централна банка (ФЕД) продолжува да дејствува агресивно и поради растечките ризици од глобална рецесија“, и може да достигне нов цикличен врв над 110,8, напишаа стратезите на Комонвелт банка на Австралија. Лошата економска перспектива се очекува оваа недела да ги држи под притисок еврото, фунтата и австралискиот долар, додаваат тие.