Балтичките земји и Полска значително го ограничуваат влезот на руски туристи

ограничувања за влез на руски државјани со шенген туристички визи

Од денеска Литванија, Летонија, Естонија и Полска ќе воведат ограничувања за влез на руски државјани со шенген туристички визи, без оглед на земјата во која се издадени визите. „Заедно со Латвија, Литванија и Полска сакаме значително да го ограничиме влезот на руските граѓани чија цел е туризмот“, изјави премиерот на Естонија, Каја Калас.

ЕУ пресече - Нема веќе визно олеснување за Русите

Според Калас, безбедносните грижи се една од главните причини за воведување ограничувања за влез, бидејќи Естонија не може да ги контролира сите што пристигнуваат. Но, ограничувањата треба да вклучуваат исклучоци за дисидентите, имателите на дозволи за престој и оние кои ги посетуваат роднините во Естонија. Калас исто така истакна дека поради прекинот на воздушниот сообраќај од Руската Федерација, земјите кои граничат со Русија се под многу тежок товар.

Русија: САД не и издаваат визи на руската делегација која треба да присуствува на Генералното собрание на ОН

Шефот на Министерството за надворешни работи Реинсалу објасни дека ограничувањето за влез на Русите во Естонија и балтичките земји ќе придонесе за намалување на влезот на руски државјани на територијата на други земји од Европската унија.