Ковачевски и Османи на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денеска до 24 септември ќе учествуваат на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. За време на престојот во Њујорк, соопштија од МНР, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министри за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Ќе присуствува и на состанокот на Јадранската Повелба А5, како и на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка.

Бајден во ОН: „Отвораме нова ера на немилосрдна дипломатија“

Шефот на дипломатијата Османи ќе земе учество и на средбата на земјите на Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка. На маргините на Генералното собрание, како што е најавено, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со свои колеги од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт Департментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора.