Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси остро ги осуди, како што ги нарече, „нелегалните“ гранични напади на Азербејџан врз Ерменија.
За време на нејзината посета во Ерменија, таа вети американска поддршка за ерменскиот суверенитет.
Пелоси рече дека нејзиното патување има особено значење по „незаконските и смртоносни напади од Азербејџан на ерменска територија“ кои доведоа до гранични судири во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.
„Силно ги осудуваме овие напади“, рече Пелоси.
Жестоки судири меѓу Азербејџан и Ерменија, САД апелира за прекин на нападите
Соединетите Држави, додаде Пелоси, ја слушнаа Ерменија за тоа какви се нејзините одбранбени потреби и рекоа дека Вашингтон сака да и помогне и да ја поддржи Ерменија во, како што рече, глобалната борба меѓу демократијата и автократијата.
Судирите што избија на 13 септември се најлошите од војната во 2020 година. Тие завршија „благодарение на меѓународниот ангажман“ во текот на ноќта на 15 септември.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за извршување на нападите. Ерменија го обвинува Азербејџан за неиспровоциран напад на ерменска територија, а Баку вели дека тие одговориле на гранатирањето на ерменските сили.
Ерменија и Азербејџан беа во војна и кон крајот на 2020 година, кога загинаа околу шест илјади луѓе пред прекинот на огнот со посредство на Русија.
Според договорот за прекин на огнот, Москва распореди околу 2.000 војници во регионот за да служат како мировници.