Чешката Република, која моментално претседава со Европската унија, повика на формирање меѓународен суд за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.
Чешка апелот го упати откако стотици гробници беа откриени во Изум, градот кој неодамна беше ослободен од украинските војници, објави Би-Би-Си, додавајќи дека многу од пронајдените жртви се цивили, меѓу кои и жени и деца.
„Ние се залагаме за казнување на воените злосторници“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски.
Досега во Изум се ексхумирани 59 тела, а се очекува да има уште ексхумации од гробниците пронајдени во шумата на периферијата на градот.
Покрај масовни гробници, откриени се и центри за тортура во украинскиот град Изум
Украина смета дека станува збор за воени злосторства.
„Во 21 век ваквите напади врз цивилното население се незамисливи и грозоморни. Не смееме да го игнорираме. Ние сме за казнување на сите воени злосторници. Повикувам на брзо формирање на специјален суд кој ќе го суди злосторството“, рече Липевски.
Украинските власти пред два дена почнаа со ексхумација во шумата каде беа пронајдени 450 гробници, по неодамнешното ослободување на таа област од руската окупација.