Европската Комисија повика денеска да ѝ се ускратат на Унгарија околу 7,5 милијарди евра од европските фондови поради загриженост за корупција.
Препораката, дадена на 18 септември, беше првата што ја даде ЕУ според новите политики насочени кон заштита на владеењето на правото во унијата.
Унгарија има рок до 19 ноември да одговори на загриженоста, изјави еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.
„Станува збор за прекршување на владеењето на правото кое го загрозува користењето и управувањето со фондовите на ЕУ“, рече Хан во Брисел. „Не можеме да заклучиме дека буџетот на ЕУ е доволно заштитен“, додаде тој.
Унгарската владејачка партија остро реагира на извештајот на ЕП дека земјата не е „целосна демократија“
Секоја акција за суспендирање на средствата на Унгарија мора да биде одобрена од 27-те земји-членки на блокот.
Досега нема реакција од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.