Премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од Aрмијата на Република Македонија во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен, ова денска на прес конференција го изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Опозицијата тврди дека Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во периодот на воениот конфликт во 2001 година.
Ковачки го повика премиерот во рок од 24 часа да каже дали навистина е трајно неспособен или „лажел пред инситуциите и лекарите“.
„Причината поради која дезертирал е цитирам: „трајно неспособен. Доколку е навистина трајно неспособен тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер“, рече Ковачки од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Не сме против внесување на Бугарите во Уставот
Од партијата на Ковачевски пак велат дека станува збор за измислици со кои опозицијата се обидува да направи дефокус од „расколот помеѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат“, одговори портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.