Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека украинската нуклеарна централа Запорожје повторно почнала да добива електрична енергија од националната мрежа.
Членовите на тимот кои биле на локацијата во саботата на 17 септември дознале дека е поправен еден од четирите главни надворешни далноводи оштетени од гранатирање. Ова овозможи да се добива електрична енергија директно од националната мрежа, објави МААЕ на Твитер во саботата.
Од гранатирање во тој дел оштетени се далноводи поврзани со електраната. Сите шест нејзини реактори се во состојба на ладно исклучување, но на централата и треба надворешно напојување за да ги лади реакторите и да го елиминира ризикот од топење.
МААЕ вели дека ситуацијата во централата, која ја држат руските сили, е подобрена, но останува неизвесна.
МААЕ- Состојбата околу нуклеарната централа Запорожје се подобрува, но останува „несигурна“
Тим нуклеарни експерти од агенцијата на ОН отпатува во Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа, на почетокот на месецот, по зголемените повици од Украина и меѓународната заедница за безбедносна инспекција по извештаите за гранатирање.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на овој објект во југоисточна Украина..
По првата инспекција, МААЕ најави дека ќе има постојано присуство за следење на ситуацијата.