Бајден отпатува во Лондон за погребот на кралицата

US-POLITICS-BIDEN

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил денеска отпатуваа за Лондон за да присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета.

Белата куќа претходно соопшти дека кралската покана за погребот, што ќе се одржи на 19 септември во Вестминстерската опатија, била само за Бајден и дека не биле поканети други поранешни претседатели.

Москва: Британското одбивање Русија да не биде на погребот на кралицата е „длабоко неморално“

Кралицата почина на 8 септември по 70-годишно владеење.

Таа се запознала со повеќе американски претседатели, вклучувајќи го и Доналд Трамп, Барак Обама и Џорџ В. Буш. Таа се сретна со 13 од последните 14 американски претседатели, сите освен Линдон Џонсон.