Градоначалникот на Гостивар Арбан Таравари е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците, објавија на фејсбук страницата од оваа политичка партија.
Одлуката е донесена на денешното партиско Централно собрание.
Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември да се одржи вонреден конгрес на партијата.
„Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме долука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата“, рече Таравари.
На прашањето дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука и дека сега ќе биде само вршител на должноста.
Таравари доаѓа на лидерската позиција на партијата на местото на Зијадин Села, кој претходно поднесе неотповиклива оставка.
Пред централното собрание Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не значи и повлекување од политиката.
Села се повлекува од лидерската позиција на партијата, но ќе остане активен во политиката
На денешното Централното собрание, покрај изборот на нов в.д. претседател на Алијансата за Албанците, се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на АА во Собранието.