Над 500 казни во еден ден за брзо возење

Полиција во Северна Македонија.

Полицијата вчера казни 512 возачи во акциска контрола на територијата на целата држава.

Казните се поради возење со брзина поголема од дозволената.

Од 512 казни 51 се за возила кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет за возила кои се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Брзо возење или под дејство на алкохол ќе се казнува со затвор до три години

Притоа, 242 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 270 надвор од населено место.

Од МВР предупредуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.