Горан Милевски се повлекува од министерската функција

Горан Милевски

Горан Милевски идната недела ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа во Владата.

Милевски ја потврди информацијата за медиумите.

„После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП“, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Од владината прес служба соопштија дека сепак оставката официјално се уште не е доставена до Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.

Милевски се повлекува и од лидерската позиција на партијата ЛДП.

Во партијата веќе се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор.

Тој тврди дека раздор не постои и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Повеќе пари за општините од даноци, но и поголема одговорност за трошењето

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев.

Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избрана на 16 јануари годинава.

Од Владата и од ЛДП засега нема коментар за најавената оставка на Милевски.