Зеленски бара построги санкции за Москва по откривањето на масовната гробница во Изум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја осуди руската „терористичка држава“ по откривањето на масовнaта гробница во Изум.

Во своето ноќно видео обраќање на 16 септември, Зеленски порача дека Русија треба да биде казнета со построги санкции.

„Веќе има јасни докази за тортура, понижувачки однос кон луѓето. Покрај тоа, постојат докази дека руски војници, чии позиции не биле далеку од ова место, пукале во закопаните само за забава“, рече тој.

ОН ќе испратат тим во Изум за да ги испита наводите за масовните гробници

Зеленски ги спореди откритијата направени во Изум оваа недела со масакрот во Буча во пролетта и го повтори својот повик за формирање меѓународен суд кој ќе ја повика Русија одговорна за нејзините злосторства во Украина.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку 440 тела биле пронајдени на локацијата во Изум.

Официјална Москва досега не се огласи за масовната гробница во Изум, местото кое беше упориште на руската војска на фронтот, пред да биде ослободен од украинските сили.