Управата за финансиска полиција денеска влегла во канцелариите на скопското јавно претпријатие „Водовод“. Од Обвинителството за радио Слободна Европа велат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е известен за постапувањето на Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи во ЈП Водовод и канализација - Скопје.
„Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија.Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, “ се вели во одговорот на Обвинителството.
Новиот директор на претпријатието Марјанчо Митовски за дел од медиумите изјавил дека имал состанок со претставниците на Финансиската полиција и дека тие се интересирале за документацијата поврзана само еден тендер.
Синдикатот бара од Арсовска да ги врати на работата отпуштените работници
„Беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа“, изјавил Митовски за Плус инфо.
Тендерот за Пречистителна станица ги скара Арсовска и Мицкоски?
По јавната расправија меѓу скопската градоначалника Данела Арсовска и членови од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска следуваше и нов бран оставки од функционерски позиции. По ултиматумот од Арсовска, или оставка или разрешување, денеска фунцкиите ги напуштија директорите на ЈСП, ЈП Улици и патишта и на Лајка. Сите тројца со речиси идентитчни аргументи – дека немале ниту комуникација, ниту соработка со градоначалничката.