Русковска до понеделик ќе се изјасни за дисциплинската постапка против неа

Комисијата за дисциплинска одговорност донесе решение за поведување дисциплинска постапка против шефицата на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, како и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Вилма Русковска го добила барањето да се изјасни по решението на дисциплинската комисија и ќе одговори во предвидениот рок од пет дена, најдоцна до понеделник.

Русковска – Притисокот доаѓа од поранешна влада

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, претходно денеска изјави дека за дисциплинската постапка за суспендираната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русовска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката.

„Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка“, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Русковска.

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈОГК.

Судирот Русковска - Муареми покажува во правосудството е дојдено „нож до коска“

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе решение за суспендирање на Рускоска додека трае кривичната постапка поведена против неа по иницијатива на поранешниот директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за како што тврди тој, нелегалниот претрес во Управата.

По овој претрес дојде до отворен судир меѓу двете институции кој резултираше со дисциплинска постапка и суспендирање на Русковска, додека Муареми замина од директорската функција. Мандатот на Русковска истекува во ноември, а нејзините предмети во меѓувреме се прераспределени кај други обвинители.