Фидес, владејачката партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, го критикуваше Европскиот парламент (ЕП) откако ја одобри резолуцијата во која се вели дека Унгарија повеќе не е „целосна демократија“. ЕП вчера го одобри извештајот во кој се вели дека Унгарија станала „хибриден режим на изборна автократија“ под раководство на националистичката влада на Орбан и дека нејзиното поткопување на демократските вредности на блокот ги ја одвело земјата надвор од заедницата на демократии. Необврзувачкиот извештај е главно симболичен и ја издвојува Унгарија за неуспех да ги поддржува вредностите содржани во договорот на ЕУ како што се „почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.
Европратеници: Унгарија е изборна автократија, а не демократија
Во извештајот се вели дека демократијата и фундаменталните права во Унгарија еродираа преку „намерните и систематски напори на унгарската влада“ откако ЕП започна истрага за демократските норми на Унгарија во 2018 година. „Непростливо е тоа што, додека луѓето страдаат од тешките економски ефекти на инфлацијата за време на војната и погрешните санкции, Европскиот парламент повторно ја напаѓа Унгарија“, изјави Балаш Хидвеги, од Фидес. Орбан, кој беше реизбран на четврти последователен мандат во април, често се судрира со Унијата за прашања како што се независноста на судството, јавните набавки, правата на ЛГБТ заедницата и медиумските, академските и верските слободи. Откако дојде на власт на неговата националистичка агенда во 2010 година, Орбан, кој ја карактеризира земјата како „нелиберална демократија“, го преработи уставот и клучните аспекти на изборните закони и ја консолидираше сојузничката контрола врз речиси секој значаен медиум во земјата.
Унгарија: Сменети шефовите на метеоролошката служба поради погрешна прогноза
Извештајот на ЕП всушност ги обвинува другите 26 членки на Европската унија дека биле „неактивни“ за демократските злоупотреби на Орбан за време на неговото владеење, велејќи дека дел од проблемот е „неспособноста на Европскиот совет да постигне значаен напредок за да се спротивстави на демократското назадување“. Извештајот доаѓа само неколку дена пред очекуваното соопштение на Европската комисија, извршната власт на ЕУ, дека блокот е подготвен да го суспендира трансферот на некои средства од ЕУ за Унгарија поради наводните демократски прекршувања.