Нови судири денеска избувнаа на границата меѓу Таџикистан и Киргистан, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно за употреба на тешко вооружување во борбите во кои загинаа најмалку три лица, а 27 беа ранети во изминативе два дена. Киргистанската гранична служба ги обвини таџикистанските војници дека повторно отвориле оган врз неколку нејзини пунктови рано денеска во спорната планинска погранична област користејќи тенкови, оклопни транспортери и минофрлачи. Таџикистан, пак, ги обвини киргистанските сили за седум села со „тешко вооружување“ во истата област. Извори на РСЕ соопштија дека судирите продолжиле долж неколку делови од границата. Еден цивил загина, а тројца се повредени, соопштија властите во таџикистанскиот град Исфара.
Вооружен инцидент долж киргистанско- таџикистанската граница
Киргистан извести за 18 ранети во текот на ноќта во неговата јужна провинција Баткен, која се граничи со северниот регион Сугд во Таџикистан и во која се наоѓа таџикистанската ексклава Ворух, клучна точка во неодамнешните конфликти. Киргистанскиот претседател Садир Јапаров и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон присуствуваат на регионален безбедносен самит во Узбекистан. Киргистан рече дека неговиот министер за надворешни работи разговарал за судирите со неговиот таџикистански колега, но граничната служба соопшти дека две примирја веќе пропаднале.