Примирјето меѓу Ерменија и Азербејџан се одржува

Ерменските војници заземаат позиции на границата со Азербејџан, 2 август 2022 година.

Ерменското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се одржува примирјето на границата со Азербејџан по разгорувањето на борбите поврзани со деценискиот спор меѓу кавкаските соседи за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Судирите што избувнаа на 13 септември – најжестоките откако двете страни водеа војна во 2020 година - завршија „благодарение на меѓународната инволвираност“ во текот на ноќта на 15 септември, соопшти Советот за безбедност на Ерменија, по претходните неуспешни обиди на Русија да посредува во примирје. Азербејџан официјално не го потврди прекинот на огнот, кој првично беше објавен од Советот за безбедност на Ерменија.

Ереван известува за примирје со Азербејџан додека Ерменците бараат оставка на премиерот

Министерството за одбрана на Азербејџан на 15 септември соопшти дека биле убиени над 70 азербејџански војници, ажурирајќи го претходниот биланс од 50 загинати. Азербејџан соопшти дека е подготвен да ги предаде телата на околу 100 ерменски војници на другата страна. Ерменија соопшти дека 105 нејзини војници се убиени. Соединетите држави и Обединетите нации на 15 септември го поздравија прекинот на огнот. „Го поздравуваме прекинот на непријателствата меѓу Азербејџан и Ерменија и ќе продолжиме да работиме со страните за да го зацементираме тоа“, напиша на Твитер американскиот државен секретар Ентони Блинкен.