Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пред денешниот почеток на скрининг процесот, испрати порака на својот Фејсбук профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е подготвен за отворањето на овој процес. „Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел. Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро. Имаме добра основа и политичка волја и капацитет да го направиме тоа, напиша Маричиќ на својата Фејсбук страница.
Маричиќ: Паралелно со скринингот да се извршат и уставните измени
Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација ја преводи вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ, дел од делегацијата е и државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, а исто така во делегацијата се вклучени и претставници од надлежните институции и од Секретаријат за европски прашања. Од 15 до 27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург.