Ереван известува за примирје со Азербејџан додека Ерменците бараат оставка на премиерот

Демонстранти бараат оставка од премиерот Никол Пашинијан пред главната зграда на владата, 14 септември 2022 година.

Висок ерменски функционер изјави дека со Азербејџан бил договорен прекин на огнот по дводневните тешки борби поврзани со деценискиот спор за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Армен Григоријан, секретар на Советот за безбедност на Ерменија, изјави дека благодарение на вклученоста на меѓународната заедница, „постигнат е договор за прекин на огнот“. Тој додаде дека примирјето е во сила неколку часа. Ерменското Министерство за одбрана претходно соопшти дека престрелките во пограничните области престанале. Сепак, немаше збор од Азербејџан за примирје за запирање на борбите.

Светските лидери бараат прекин на борбите меѓу Ерменија и Азербејџан

Во Ереван, илјадници луѓе вчера излегоа на улиците за да побараат оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинијан, кого го обвинуваат за сегашната состојба. Навидум спонтаниот протест очигледно беше предизвикан од изјавата на Пашинијан во парламентот претходно истиот ден дека е подготвен да „донесе тешки одлуки заради мирот“. Пашинијан рече дека бројот на загинатите ерменски војници во дводневните бил 105. Азербејџан претходно соопшти дека изгубил 50 војници.