Шведската премиерка Андерсон поднесува оставка по изборниот пораз од десницата

Магдалена Андерсон

Лидерот на националистичката популистичка партија Шведски демократи Џими Акесон ја објави победата на десничарскиот блок на изборите одржани во Шведска за време на викендот, а премиерката Магдалена Андерсон го призна поразот. Со речиси сите преброени гласови, десничарскиот блок од четири партии, вклучително и Шведските демократи, се чини дека освои тенко мнозинство во 349-члениот Риксдаг. Малиот број гласови кои се уште не се преброени не може да го промени конечниот исход од изборите. Шведската премиерка Магдалена Андерсон го призна денеска поразот на левицата и победата на блокот на десницата и екстремната десница, откако пристигнаа речиси целосните изборни резултати.

Парламентарни избори во Шведска

Премиерката Андерсон на прес-конференција рече дека прелиминарниот резултат е доволно јасен за да се заклучи дека нејзиниот блок од левиот центар ја изгубил власта и за денеска ја најави својата формална оставка. Ветувајќи дека е време „да се стави Шведска на прво место“, Акесон рече дека неговата партија ќе биде движечка сила во неговата работа за обнова на безбедноста во Шведска.

Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Андерсон минатата година стана првата жена премиер на Шведска и ја предводеше земјата да се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина. Партијата Шведски демократи долго време беше бојкотирана од Швеѓаните поради нејзините корени во неонацистичкото движење. Во последниве години, таа се трансформираше со протерување на екстремистите и стекнување поддршка со цврст став за криминалот и имиграцијата во време кога земјата забележа пораст на вооружени напади и други насилства.