Почнува скрининг процесот за Северна Македонија

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје амбасадорот Дејвид Гир најави дека денеска Европската комисија ќе почне со длабински објаснувачки скрининг, кој ќе заврши до ноември. Според најавите, преговарачкиот тим на Северна Македонија денеска во Брисел, а утре во Луксембург ќе одржи објаснувачки скрининг со Европската Комисија, прв пат од 2019 година. Во меѓувреме од вчера во работна посета на земјава престојува Работната група на Советот на ЕУ за проширување - КОЕЛА, тело составено од дипломати од сите земји-членки на ЕУ.

Османи - Подготвени сме за успешен и брз преговарачки процес

Посетата се реализира во пресрет на почетокот на скрининг процесот и е прва посета по одлуката на Советот на ЕУ досиејата на Северна Македонија и Албанија да преминат во работната група надлежна за земјите кои се во преговарачки процес со ЕУ. Мисијата беше и во собранието на комисијата за европски прашања каде претседателот на Собранието Талат Џафери потенцираше дека ова е доказ дека преговорите со ЕУ се почнати, а нивната посета беше поздравена и од опозицијата.