Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин не го сменил својот став за инвазијата на Украина.
„За жал, не можам да ви кажам дека се зголемило чувството дека беше грешка да се започне оваа војна. Немаше индикации дека има нови ставови“, рече Шолц на денешната прес-конференција, откако одржа еден и пол часовен телефонски разговор со Путин.
Шолц го повикал Путин „да најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските сили и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.
Тој исто така ја истакнал важноста од осигурување на безбедноста околу украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола. Гранатирањата во близина на централата ги зголеми стравувањата од голема несреќа во најголемата нуклеарна централа во Европа.
Шолц денеска рече дека иако тој и Путин не се согласуваат за војната во Украина, меѓу другите прашања, „коректно е да се разговара меѓусебно и да се каже што има да се каже за оваа тема“.