Ковид биланс: 141 позитивни и еден починат

Во последните 24 часа регистрирани се 141 нови случаи на ковид -19 од направени 866 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 84 оздравени пациенти.


Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.