Народна банка: Основната каматна стапка зголемена за 0,5 процентни поени

Народната банка на Република Северна Македонија

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка донесе одлука каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 процентни поени до нивото од 3 насто, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари. При носењето на одлуката беа земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено. Овие измени би придонесле за натамошно поттикнување на штедењето во домашна валута, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките во корист на понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи.

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина

Со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во поставеноста на ЕЦБ. Домашниот девизен пазар бележи стабилизација и во изминатиот период, при умерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата. Во вакви околности, Народната банка и натаму откупува девизи што придонесе за натамошен раст на девизните резерви. Девизните резерви и натаму се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди. Од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, главно поради интервенциите на Народната банка на девизниот пазар коишто се во исклучително висок износ од 183 милиони евра, за овој период.

Македонската економија ни ќар ни зијан од растот на доларот

Ваквата позиција на Народната банка придонесе за дополнителен раст на нивото на девизните резерви, којшто е над проекциите за овој период од годината, се наведува во соопштението од НБ. Во однос на активноста во домашната економија, во вториот квартал од 2022 година БДП оствари реален раст од 2,8% на годишна основа, што е целосно во согласност со очекувањата според последните проекции, односно според априлските проекции Народната банка очекуваше раст од 2,8%. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка.