Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, нагласувајќи дека патот кон членството и патот до силни демократии се едно исто. Во својот годишен говор за состојбата на ЕУ, фон дер Лајен ја изрази својата поддршка за иницијативата на Европската политичка заедница и најави дека Комисијата ќе ги претстави своите идеи пред Европскиот совет. „Вие сте дел од нашето семејство, вашата иднина е во нашата Унија, а нашата Унија не е целосна без вас. Ја видовме и потребата да се допреме до европските земји надвор од процесот на пристапување. Затоа го поддржувам повикот за формирање на европската политичка заедница“, рече Фон дер Лајен.
Фон дер Лајен - Путин не смее да победи, поддржуваме интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Таа додаде дека актуелната глобална политичка ситуација бара ЕУ да ја преиспита својата надворешнополитичка агенда и да инвестира во силата на демократијата. Таа работа, додаде таа, започнува со група партнери истомисленици, пријатели во секоја демократска земја во светот. „Треба да се стремиме да го прошириме ова јадро на демократии. Најнепосреден начин да го направиме тоа е да ги продлабочиме нашите врски и да ги зајакнеме демократиите на нашиот континент. кон нашата Унија, една и иста“, рече претседателката на Европската комисија.