Времето денеска: сончево и потопло

Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Дневната температура ќе се движи од 23 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 28 степени.